УСТАВЕН СУД ЈА ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ТОДОР ПЕТРОВ СО КОЈА СЕ ОСПОРУВАШЕ УЧЕСТВОТО НА ИЗБОРИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ СО ДВА ПОТПИСИ

    УСТАВЕН СУД ЈА ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ТОДОР ПЕТРОВ СО КОЈА СЕ ОСПОРУВАШЕ УЧЕСТВОТО НА ИЗБОРИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ СО ДВА ПОТПИСИВо иницијативата на Петров се вели дека ДИК постапила надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишала услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции.(Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата на Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров со која се оспоруваше одлуката на Државната изборна комисија граѓанските иницијативи да учествуваат на избори со собрани два потписи.

    Во иницијативата се вели дека со донесување на оспорениот Правилник е напрaвена повреда на Изборниот законик и член 8 став 1 алинеја 3 и 5, членовите 22, 23, 51, 54, 61 и 68 став 1 алинеја 2 од Уставот. Подносителот тврди дека иако изборните рокови се во тек, ДИК постапила надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишала услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции.

    Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски на седницата рече дека е добро што има дискусија и оти предметот е важен. Смета дека пополнувањето на правни празнини е многу важна тема и во уставното и во регуларното судство и воопшто во правото. Појасни дека кога во околности се укинати некои одредби или поништени одредби, тогаш и право и должност на законoдавецот е да ги полни тие правни празнини.

    Што правиме кога правната празнина не ја пополнува законодавецот? Која порака тој ја праќа спрема сите останати? Дали е негова волја да ја остави состојбата таква како што е? Ако го толкуваме на тој начин, немојте да заборавите дека има одлука на Уставен суд, која ви дава многу сериозно толкување на политичкиот плурализам, на пасивното, на активното избирачко право. Одлуките на Уставниот суд го имаат истиот правен ефект како и законот, конечни за секого, вклучително и за ДИК. Нашата одлука е задолжителна и за ДИК, рече Костадиновски.

    Судијата Јадранка Дабовиќ – Анастасовска рече дека е убедена дека ДИК не постапувале спротивно закон и Устав.

    Судијата Добрила Кацарска смета дека овој Правилник е спротивен на закон и рече дека тој не е објавен во Службен весник.

    Ние не можеме да ги затвориме очите пред нешто што е незаконито. Станува збор за судии на Уставен суд, рече Кацарска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира