Два летечки автомобила се судрија на тестирање за воздухопловно шоу во Кина, на кое оваа технологија треба да биде претставена.
Возилата „Xpeng AeroHT“ се судриле во лет, по што едно се запалило по слетувањето, објави оваа компанија. Извор од фирмата изјави дека едно лице е повредено во несреќата.
Ова биле последни тестирања пред презентацијата на воздухопловното шоу во Чангчун во североисточна Кина оваа недела.
Летечките електрични автомобили полетуваат и слетуваат вертикално и компанијата се надева дека ќе ги продава по цена од околу 300.000 долари. Во јануари, компанијата објави дека добила 3.000 нарачки за автомобилите.
„Xpeng“ е еден од најголемите производители на електрични автомобили во светот и неодамна се прошири во Европа.