СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХРАНА ВО КУМАНОВСКИ РЕСТОРАН ДОДЕКА БИЛЕ НА СЕМИНАР

    СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХРАНА ВО КУМАНОВСКИ РЕСТОРАН ДОДЕКА БИЛЕ НА СЕМИНАРОд шестемина заболени, двајца се хоспитализирани, тројца се во дневна болница и еден на домашно лекување. (Фото: СДК.МК)

    Учесници на семинар се затруле со храна во кумановски ресторан. Од шестемина заболени, двајца се хоспитализирани, тројца се во дневна болница и еден на домашно лекување.

    Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје Куманово соопшти дека е пријавена епидемија на алиментарна токсоинфекција за шест заболени.

    „Од вкупно 36 учесници на семинарот, обука организирана од една фирма во ресторан во Куманово, затруени се шестмина. По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11 септември, симптомите на труење со храна ги развивале по четири до 16 часа со обилни повраќања, зачестени воденести столици, малаксалост ,температура до 41 степен, треска, болки и грчеви во стомак и главоболка“, соопшти ЦЈЗ Куманово.

    По првите пријави за заболени со знаци на труење со храна бил направен координиран надзор од ЦЈЗ Куманово, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство и од гостилницата се земени брисеви и мостри храна за микробиолошко испитување. Преземени се сите соодветни противепидемиски мерки. Објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали. Епидемиолошката состојба се следи, велат од Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира