СРПСКАТА ВОЈСКА ГО ПОКАЖА СВОЈОТ АРСЕНАЛ НА ГОЛЕМА ПАРАДА ВО БЕЛГРАД, ВУЧИЌ ВЕЛИ ДЕКА ВОЕНИОТ СОЈУЗ ТИРАНА-ПРИШТИНА-ЗАГРЕБ Е НАПРАВЕН ПОРАДИ СРБИЈА

    СРПСКАТА ВОЈСКА ГО ПОКАЖА СВОЈОТ АРСЕНАЛ НА ГОЛЕМА ПАРАДА ВО БЕЛГРАД, ВУЧИЌ ВЕЛИ ДЕКА ВОЕНИОТ СОЈУЗ ТИРАНА-ПРИШТИНА-ЗАГРЕБ Е НАПРАВЕН ПОРАДИ СРБИЈАПо улиците на Белград се движеа колони на тенкови и оклопни возила (Фото: Танјуг)

    Србија денеска ја одржа една од најголемите воени паради во изминатите години среде антивладините протести, политичките поделби и регионалните тензии. Претседателот Александар Вучиќ кажа дека парадата не се организира за дневно политичките потреби, туку заради покажување сила за одвраќање на потенцијалните агресори.

    На парадата „Силата на едниството 2025“, српската војска за првпат ги покажа израелските ракетни системи „ПУЛС“, дроновите „хермес 900“ и рускиот систем за електронско војување „красуха“.

    По улиците на Белград се движеа колони на тенкови и оклопни возила, по реката Сава пловеа бродови на речната флотила, а меѓу многубројните летала на воената авијација се истакна францускиот борбен авион „рафале“.

    Србија претстави и оружја од домашно производство, од кои некои се сѐ уште во развој.

    Ова е гордост на Србија. Сакаме да покажаме што сме работеле и да им одговориме на потенцијалните агресори. Да не бидеме наивни: воениот сојуз Приштина-Тирана-Загреб не е направен поради Австрија, Грција, Словенија или Романија, туку поради Србија. Денес никој на светот не може да ја прегази Србија. Да немавме вака силна војска, ќе нѐ згазеа“, кажа Вучиќ во пресрет на парадата.

    Меѓу гостите на парадата беше и актерот Стивен Сигал, кој има и српско државјанство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира