УКРАИНА ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАЃА И МОСКВА АКО ДОБИЕ РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ ОД САД, РУСИЈА ПРЕДУПРЕДИ НА РИЗИК ОД ЕСКАЛАЦИЈА

    УКРАИНА ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАЃА И МОСКВА АКО ДОБИЕ РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ ОД САД, РУСИЈА ПРЕДУПРЕДИ НА РИЗИК ОД ЕСКАЛАЦИЈАРусија смета дека и овие ракети нема да го променат текот на војната во корист на Украина (Фото: Американска војска)

    Русија кажа дека нејзината војска анализира дали САД ќе ѝ дадат на Украина проектили со долг дострел „томахавк“, што би била значајна ескалација во војната. Ова следува откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека САД размислуваат да го исполнат барањето на Украина и да ѝ испратат проектили „томахавк“ преку нивна продажба на европски земји, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесе Доналд Трамп.

    Овие проектили имаат дострел од 2.500 километри, што значи дека Украина би можела да ги гаѓа Москва и најголемиот дел од европска Русија. Володимир Зеленски минатата недела ги предупреди руските функционери дека би требало да знаат каде се наоѓаат засолништа.

    Прашањето е кој би можел да ги лансира овие проектили, Украинците или американските војници? Кој ќе ги одредува метите? Американците или самите Украинци? Ова бара многу длабока анализа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Кит Келог, специјалниот пратеник на САД за Украина, вчера изјави дека Трамп му дозволил на Киев да изведува напади со долг дострел врз Русија.

    „Користете ја можноста да удирате длабоко. Не постојат такви работи како светилишта“, изјави Келог.

    Владимир Путин претходно предупреди дека Русија го задржува правото да напаѓа воени инсталации во земји кои ѝ дозволуваат на Украина да ја гаѓа Русија со нивни ракети. Андреј Картаполов, шефот на одборот за одбрана во рускиот парламент, изјави дека сите американски воени специјалисти кои би ѝ помогнале на Украина да лансира ракети „томахавк“ кон Русија би станале цел на Москва.

    „И никој нема да ги заштити. Ни Трамп, ни Келог, ни некој друг“, рече тој.

    Сепак, Песков смета дека и овие ракети нема да го променат текот на војната во корист на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира