ТРИ НЕДЕЛИ СЕ СОЗДАВААТ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПРЕМИНИ ВО ВЕЛЕС, ОД ЖЕЛЕЗНИЦИ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО РАМПИТЕ НЕ ФУНКЦИОНИРААТ

    ТРИ НЕДЕЛИ СЕ СОЗДАВААТ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПРЕМИНИ ВО ВЕЛЕС, ОД ЖЕЛЕЗНИЦИ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО РАМПИТЕ НЕ ФУНКЦИОНИРААТЖителите на месноста Дворови велат дека се работи во контролните куќарки во центарот на Велес (Фото: СДК.МК)

    Tри седмици сообраќајот низ Велес се одвива со потешкотии во периодите кога минуваат возовите по пругата во центарот на градот. Колони возила се создаваат кога се спуштени безбедносните рампи на четирите премини. Тие често достигнуваат и до Пошта или Офицерски. Причината за застојот е што возовите возат со намалена брзина, имаше и случаи кога велешани сигнализираа дека возот бил расипан, па стоел на отворена пруга.

    И по четири работни дена, од МЖ Инфраструктура не даваат одговор на поставеното прашање што се случува со железничкиот сообраќај низ Велес. Жителите на месноста Дворови велат дека се работи во контролните куќарки во центарот на Велес, лоцирани покрај пругата Велес-Гевгелија.

    „Секој ден работат во куќичките со инсталираната опрема на двете рампи во Дворови, но досега резултат нема. Железничарите знаат да кажат дека се краде инсталацијата, но три седмици е предолг предолг за да не се изврши промената, ако кабелот е украден“, вели жител на овој дел од градот.

    Во овој период од три седмици, се создаваат редици од возила на двата премина кои се на регионален пат, на Нов мост и на Стар мост. Возачите на патнички автомобили посебно реагираат во утринските часови, кога одат на работа или ги носат децата во училиште или градинка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира