ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД БЛИЗУ СИНАГОГА ВО МАНЧЕСТЕР, ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАСТРЕЛА НАПАЃАЧОТ

    ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО НАПАД БЛИЗУ СИНАГОГА ВО МАНЧЕСТЕР, ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАСТРЕЛА НАПАЃАЧОТПолицијата била повикана откако автомобил удрил во пешаци и еден маж бил избоден (Фото: АП)

    Две лица починаа, а три се сериозно повредени во напад близу синагога во Манчестер денеска, соопшти локалната полиција. Напаѓачот е застрелан од полицијата и се верува дека е починат, но ова засега не е потврдено зашто на неговото тело имало сомнителни предмети.

    Британската полиција првично објави дека четири лица се ранети откако автомобил влетал меѓу пешаци и биле избодени луѓе близу синагога во Манчестер.

    Нападот се случи на Јом кипур, најсветиот ден во еврејскиот верски календар.

    Полицијата била повикана во северниот дел на Манчестер откако очевидци пријавиле дека автомобил удрил во пешаци и еден маж бил избоден.

    „Болничарите пристигнаа на местото на настанот и укажуваат помош. Моментално има четворица граѓани со повреди предизвикани од возило и од остар предмет“, соопшти полицијата на Манчестер, додавајќи дека веќе нема непосредна опасност по граѓаните.

    Градоначалникот Енди Бернам изјави дека станува збор за сериозен инцидент, а британскиот премиер Кир Стармер ја прекина посетата на Копенхаген и се враќа во Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира