ДОБИЛЕ КИЛА НА ТЕСТИСИ ГАЗДАТА НА „ДУРМО ТУРС“ И ГЛАВНИОТ ЗА ТРАНСПОРТ, ПА ЗАТОА 5 МЕСЕЦИ ИЗБЕГНУВААТ ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР ЗА „ЛАСКАРЦИ

    ДОБИЛЕ КИЛА НА ТЕСТИСИ ГАЗДАТА НА „ДУРМО ТУРС“ И ГЛАВНИОТ ЗА ТРАНСПОРТ, ПА ЗАТОА 5 МЕСЕЦИ ИЗБЕГНУВААТ ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР ЗА „ЛАСКАРЦИСудењето во Кривичниот суд, каде обвинетиве добија мали казни, се влечеше над три години. - Превртениот автобус на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци (Фото:СДК.МК)

    Иако главните виновници за големата сообраќајна несреќа кај Ласкарци кога загинаа 16 патници требаше досега да бидат веќе 5 месеци во затвор, тие за разлика од осудениот возач на автобусот Мануел Трифуновски, немаат дојдено ни до затворската капија.

    Сопственикот на фирмата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, осудени на по 10 години затвор, се разболеле.

    Во Основниот суд Тетово, од одделението за извршување на санкциите ни рекоа дека двајцата осудени имале проблем со тестисите.

    Според изјавата за САКАМДАКАЖАМ.МК од Тетовскиот суд, Белули имал херниа (кила) на едниот тестис и тој деновиве бил опериран. Мифтари имал на двете и деновиве и нему требало да му извршат зафат.

    На 9 мај Апелациониот суд Скопје на газдата Дурмиш Белули повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна. Од четири, на десет години. На Ремзи Мифтари му ја зголеми од од шест на десет години затвор.

    Автобуската несреќа се случи во 2019 година. Загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени.

    Осудените Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари не се придржувале кон безбедносните прописи, дозволувајќи технички неисправен автобус да учествува во сообраќајот, што предизвикало опасност за животот на патниците.

    Возачот Маноил Трифуновски, свесен за неисправноста на возилото, го управувал автобусот со 55 патници и удрил во металната ограда поради невнимание. Тој се бранеше со молчење, а на судењето во прв степен, интенцијата на одбраната на сите обвинети беше целата вина да му се стави нему и никој друг да биде виновен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира