Сара Мулали е назначена за нов кантерберски надбискуп, со што Црквата на Англија за првпат ќе ја води жена во нејзината 1.400 години стара историја. Таа во исто време стана церемонијална шефица на околу 85 милиони англиканци низ светот, иако назначувањето на жена ризикува подлабоки теолошки поделби со некои од поконзервативните гранки на црквата во африканските земји.
Реформите воведени пред 11 години овозможија жена да ја извршува функцијата, а со именувањето за 106. надбискуп на Кентербери, Мулали станува лидерка на една од последните области од британскиот јавен живот што досега ја воделе само мажи.
Шеесет и тригодишната Мулали е поранешна медицинска сестра која секогаш се залагала за отворена и транспарентна култура во црквите што дозволува разлики и несогласувања.
Канцеларијата на премиерот Кир Стармер ја објави одлуката со формална согласност од кралот Чарлс. Како монарх, Чарлс е врховен водач на Англиканската црква, улога воспоставена во 16. век, кога кралот Хенри Осми се отцепил од Католичката црква.