ФАТЕНИ ДВАЈЦА ДИЛЕРИ НА КОКАИН ОТИ ВОЗЕЛЕ ЦИК-ЦАК НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР

    ФАТЕНИ ДВАЈЦА ДИЛЕРИ НА КОКАИН ОТИ ВОЗЕЛЕ ЦИК-ЦАК НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАРПолицијата ја забележала нивната кола на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движела нестабилно, со цик-цак движења, полицајците ја запрела. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, кои биле фатени со 110,31 грама кокаин во кола на автопатот Тетово-Гостивар. Осомничени се дека биле соизвршители во кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

    „На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин. Нивниот автомобил ‘бмв’ полицијата го забележала на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движеле нестабилно, со цик-цак движења, полициските службеници им дале сигнал да застанат. Кога подзапреле, едниот осомничен се обидел од под совозачкото седиште да исфрли ќеса со дрога, но полицајците го спречиле во намерата. Освен дрогата, кај осомничените била пронајдена и дигитална вага со траги од кокаин и поголема сума парични средства, односно 206.000 денари и 1.150 евра во различни апоени, кои поради сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога привремено се одземени“, соопшти Обвинителството.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за едниот осомничен, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира