„ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ СО ВОЛОНТЕРСКИ ДЕН ЗА ИЗГРАДБА НА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА ВО ВЕЛЕС ОДБЕЛЕЖА 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

    „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ СО ВОЛОНТЕРСКИ ДЕН ЗА ИЗГРАДБА НА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА ВО ВЕЛЕС ОДБЕЛЕЖА 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕНа волонтерски ден на градилиштето на седмата зграда „Хабитат“ во Велес, на кој присуствуваше претседателот на Собранието Африм Гаши. (Фото: Хабитат)

    Невладината и непрофитна организација „Хабитат Македонија“ одбележа 20 години постоење. Јубилејот беше одбележан на 10 октомври најпрво со свечена академија во Филхармонијата, а преку викендот со волонтерски ден на градилиштето на седмата зграда „Хабитат“ во Велес. На градилиштето како волентер дојде и претседателот на Собранието Африм Гаши.

    Во оваа зграда ќе се обезбедат домови за 16 велешки семејства со послаби примања.

    На свеченоста во Филхармонијата се одржа презентација посветена на две децении работа на „Хабитат Македонија“. На настанот присуствуваа и претставници на Habitat for Humanity од округот Цитрус Каунти-Флорида со чија помош се формираше на македонската филијала на оваа американска добротворна 0рганизација.

    За придонесот во изминатите две децении беа доделени плакети на Луција Поповска, една од иницијаторите за основање на Хабитат Македонија, Џон Џозеф Финерти почесен член на управниот одбор на Хабитат Македонија, Аце Коцевски поранешен градоначалник на Велес и Рон Дејли претседател на Одборот на директори на Habitat for Humanity од округот Цитрус Каунти-Флорида.

    „Хабитат Македонија“ е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. Програмата предвидува воспоставување кредитна линија која нуди мали заеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови. Преку оваа програма покрај тоа што се изградени станови за социјални случаи, реконструирани се и голем број фасади на станбени објекти.

    Во јули „Хабитат Македонија“ потпиша меморандум за соработка со Општините Карпош, Кочани и Куманово. Со него се предвидува на 200 стари згради да се постави енергетско-ефикаснa фасадa и нови прозорци со што ќе се намалат трошоците за струја на домаќинствата. Проектот во вредност од 3 милиони евра е со времетраење од 36 месеци и поддржан од Европската Унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира