ВЕНЕЦУЕЛА ЈА ЗАТВОРИ АМБАСАДАТА ВО ОСЛО ОТКАКО ОПОЗИЦИОНЕРКАТА МАЧАДО ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР

    ВЕНЕЦУЕЛА ЈА ЗАТВОРИ АМБАСАДАТА ВО ОСЛО ОТКАКО ОПОЗИЦИОНЕРКАТА МАЧАДО ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИРВенецуелската влада не го спомна името на Мачадо во одлуката за затворањето (Фото: АП)

    Венецуела ја затвори својата амбасада во Норвешка, неколку дена откако опозициската лидерка Марија Корина Мачадо доби Нобелова награда за мир. Венецуелската влада кажа дека затворањето е дел од реструктурирањето на нејзината дипломатска служба, без да го спомне името на Мачадо.

    Норвешкото министерство за надворешни работи потврди дека амбасадата е затворена, за што не била наведена причината.

    Нобеловиот комитет во Осло во петокот објави дека Мачадо ја добива Нобеловата награда за мир за нејзината неуморна работа на промовирањето на демократските права во Венецуела, чиј претседател Николас Мадуро ја опиша својата ривалка како „демонска вештерка“.

    И покрај нашите разлики по неколку прашања, Норвешка сака да задржи отворен дијалог со Венецуела и ќе продолжи да работи во оваа насока. Нобеловата награда е независна од норвешката влада“, изјави портпаролката на норвешкото МНР.

    Мачадо со години е жестока критичарка на Мадуро и важи за симбол на отпорот и борбата за демократски промени. Откако ѝ беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2024, таа беше принудена да живее во тајност поголемиот дел од изминатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира