Денес во 18 часот во Музејот на совремна уметност (МСУ) Скопје ќе се отвори изложба на Ибрахим Махама, уметник од Гана. Станува збор за дело на Махама кое ја обвиткува фасадата на Музејот со текстилна површина, составена од над 1.000 јутени вреќи.
„Јутените врежи се секојдневно користени за транспорт на стоки и производи, првенствено во економиите на глобалниот југ, носејќи ги на себе историските траги од процесите на трудот, размената, реферирајќи на теми како глобализацијата и миграцијата, експлоатацијата и економската нееднаквост. Преку поврзување на јутените вреќи и нивното инсталирање на површината на зградата на музејот, делото истражува како историските настани се вградени во материјалноста на јутените вреќи и како преку оваа инсталација фасадата се преобразува во политичко огледало“, велат од МСУ.
Според МСУ, зграден од донации после катастрофалниот скопски земјотрес во 1963, интервенцијата на Махама го обновува основачкиот етос на музејот, потврдувајќи ја улогата на уметноста во општеството и нејзиниот потенцијал да претставува и одразува акти на солидарност без оглед на различните просторни и историски контексти и ситуации.
„Зградата на музејот нераскинливо се поврзува со инсталацијата и јутените вреќи на Махама, станувајќи пандан во изразувањето и повторно промислувајќи ја и воспоставувајќи ја солидарноста, спротивно на доминантните глобални односи на моќ и експлоататорската геополитичка динамика“, велат од МСУ.
Махам (38) е роден во Тамале, Гана. Тој живее и работи во Акра, Кумаси и Тамале. Самостојни изложб имал во Барбикан центарот, Лондон (2024); Кунстхале Оснабрик, Германија (2023); Ауде Керк, Амстердам (2022); Фрак Пејс де ла Лоар (2022); Хај Лајн, Њујорк (2021); Музеј на уметноста на Универзитетот во Мичиген (2020). Учествувал на голем број изложби како: 4. издание на Биеналето во Лагос, Лагос (2024); Биенале на Малта и Гозо (2024), 15-то Биенале во Шарџа, Кина (2023); 18-то Меѓународно биенале на архитектура во Венеција (2023); 35-то Биенале во Сао Паоло (2023); Музеј на ликовни уметности, Хјустон (2021); Центар Помпиду, Париз (2020); 22-ро Биенале во Сиднеј (2020); Павилјон на Гана на 58-мо Биенале во Венеција (2019); Документа 14, Атина и Касел (2017); Кунстал Шарлоттенборг, Копенхаген и Холбек (2016); 56-то Биенале во Венеција (2015).
Изложбата ќе трае до 14 ноември.