НОВ КРВЕН ТЕСТ СЕ ПОКАЖАЛ УСПЕШЕН ВО ОТКРИВАЊЕТО НА НАД 50 ВИДОВИ РАК

    НОВ КРВЕН ТЕСТ СЕ ПОКАЖАЛ УСПЕШЕН ВО ОТКРИВАЊЕТО НА НАД 50 ВИДОВИ РАКТестот „Галери“ може да детектира делчиња од канцерогена ДНК кои отпаднале од туморот и кружат низ крвта (Фото: Гети)

    Нов крвен тест за повеќе од 50 видови рак би можел да ја забрза дијагнозата, според ново истражување спроведено во Северна Америка. Резултатите од истражувањето покажуваат дека тестот бил способен да идентификува широк спектар на канцери, од кои за три четвртини нема никаква форма на скрининг програма.

    Повеќе од половина случаи на рак се откриваат во рана фаза, кога лекувањето најчесто е полесно и поуспешно.

    Тестот „Галери“, развиен од американската фармацевтска компанија „Греил“, може да детектира делчиња од канцерогена ДНК кои отпаднале од туморот и кружат низ крвта.

    Во едногодишното истражување учествувале 25.000 возрасни луѓе од САД и Канада, при што еден во сто добил позитивен резултат. Кај 62% од нив ракот подоцна бил потврден.

    Водечкиот истражувач Нима Набавизаде, вонреден професор по радиотерапија на Универзитетот за здравство и наука во Орегон, рече дека податоците покажуваат оти тестот може фундаментално да го промени пристапот кон скринингот за рак.

    „Тој може да помогне во откривањето на многу видови рак порано, кога шансите за успешен третман, па дури и излекување се најголеми. Тестот правилно го исклучил ракот кај 99% од оние кои имале негативен тест“, кажа Набавизаде.

    Во комбинација со скрининг на дојка, дебело црево и грло на матката, бројот на откриени канцери се зголемил за седумпати. Крвниот тест правилно го идентификувал потеклото на ракот во девет од 10 случаи.

    Овие импресивни резултати сугерираат дека крвниот тест би можел да има голема улога во раното дијагностицирање рак. Сепак, научниците кои не се вклучени во истражувањето велат дека се потребни повеќе докази за да се покаже дали крвниот тест ги намалува смртните случаи од рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира