ВО ИСЛАНД ЗА ПРВПАТ СЕ ПРОНАЈДЕНИ КОМАРЦИ

    ВО ИСЛАНД ЗА ПРВПАТ СЕ ПРОНАЈДЕНИ КОМАРЦИИсланд има изобилство живеалишта за размножување комарци, како што се мочуришта и езерца (Фото: Гети)

    Комарци се пронајдени во Исланд за првпат, додека глобалното затоплување ја прави земјата попријатна за инсектите. До овој месец, Исланд беше едно од ретките места во светот каде што немаше популација на комарци. Другото е Антарктик.

    Научниците веќе некое време предвидуваа дека комарците би можеле да се населат во Исланд бидејќи има изобилство живеалишта за размножување, како што се мочуришта и езерца.

    Исланд се затоплува и тоа четирипати побрзо од остатокот на северната хемисфера. Глечери паѓаат, а риби од потоплите, јужни поднебја, како скуша, се пронајдени во исландските води.

    Матијас Алфредсон, ентомолог во Природонаучниот институт на Исланд, ги потврди наодите. Тој самиот ги идентификувал инсектите откако му ги испратил еден граѓанин.

    Пронајдени се три примероци од видот culiseta annulata, две женки и еден мажјак. Сите биле собрани од јажиња за вино, чија цел е привлекување молци. Видот е отпорен на студ и може да преживее во исландските услови со засолнување во подруми и амбари“, кажа Алфредсон.

    Како што се затоплува планетата, низ целиот свет се пронајдени повеќе видови комарци. Во Велика Британија оваа година биле пронајдени азискиот тигрест комарец и јајца од египетскиот комарец. Ова се инвазивни видови кои можат да шират тропски болести, како што се денга, чикунгуња и вирусот зика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира