ПО САНАЦИЈАТА СТАВЕНО ПЛАТНО НА ПЛАФОНОТ ВО СКОПСКИОТ БАЗЕН „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ДИРЕКТОРОТ ВЕЛИ СЕГА Е ТРИСТА ОТСТО ПОБЕЗБЕДЕН

    ПО САНАЦИЈАТА СТАВЕНО ПЛАТНО НА ПЛАФОНОТ ВО СКОПСКИОТ БАЗЕН „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ДИРЕКТОРОТ ВЕЛИ СЕГА Е ТРИСТА ОТСТО ПОБЕЗБЕДЕНДиректорот на базенот Даниел Апостоловски вели дека платното е поставено во рамките на санацијата по препорака на изведувачот и дека сега базенот е 300 отсто посигурен. (Фото: СДК.МК)

    Црно платно е поставено на плафонот во базенот „Борис Трајковски“ во Скопје, по санацијата која траеше 5 месеци. Од први октомври базенот е повторно отворен за посетители, откако беше затворан бидејќи падна лајсна, па мораше да се врши санација на плафонот.

    Директорот на базенот Даниел Апостоловски вели дека платното е поставено во рамките на санацијата по препорака на изведувачот и оти сега базенот е 300 отсто посигурен.

    „Покривот е саниран, но за поголема безбедност поставено е и платно. Ова е само преодно решение додека комплетно го реновираме базенот. Очекуваме до март да се изработи проект и наредното лето базенот комплетно да се реновира“, вели Апостоловски.

    Базенот беше реновиран во 2010 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а директор на објектот беше Ратко Капушевски. Апостоловски летоска кога падна лајсна од покривот рече дека тоа се случило бидејќи не била целосна реконстукцијата пред 15 години.

    Ексдиректорот Капушевски е обвинет во случајот за злоупотреби во набавки на мазут и перење пари, со што е оштетен буџетот на државата за 167 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира