Актуелниот градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, вечерва прогласи победа во вториот круг од изборите за градоначалник. Тој соопшти дека веќе добил честитка од неговиот противкандидат Горан Стојковски.
Според првичните резултати по обработени над 93% од избирачките места, Димитриевски има предност од околу 1.400 гласови, освојувајќи 15.772 гласови.
Во изјавата по прогласувањето на победата, Димитриевски им се заблагодари на партнерите од владината коалиција за поддршката, посебно на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашан за нискиот одѕив на гласачите, Димитриевски рече дека пораката од граѓаните е примена.



