„ОПЕНАИ“ НЕЗАКОНСКИ КОРИСТЕЛ ПОПУЛАРНИ ГЕРМАНСКИ ПЕСНИ ЗА ДА ГО ТРЕНИРА ЧЕТГПТ, ПРЕСУДИ СУДОТ ВО МИНХЕН

    „ОПЕНАИ“ НЕЗАКОНСКИ КОРИСТЕЛ ПОПУЛАРНИ ГЕРМАНСКИ ПЕСНИ ЗА ДА ГО ТРЕНИРА ЧЕТГПТ, ПРЕСУДИ СУДОТ ВО МИНХЕНСудот му наложи на „ОпенАИ“ да не ги складира текстовите и да не ги објавува во своите модели (Фото: ДПА)

    Судот во Минхен пресуди дека „ОпенАИ“ ги прекршил авторските права за девет популарни германски песни по тужба поднесена од групата за музички права ГЕМА. Беше утврдено дека американската технолошка компанија без дозвола користела текстови на песни заштитени со авторски права за да го тренира својот четбот ЧетГПТ.

    Тужбата на ГЕМА против компанијата се фокусираше на незаконската употреба на девет познати германски песни. ЧетГПТ репродуцирал текстови што биле речиси идентични со оригиналните текстови, што според судот е доказ дека биле зачувани во системите на „ОпенАИ“.

    Судот му наложи на „ОпенАИ“ да не ги складира текстовите и да не ги објавува во своите модели, да плати отштета и да открие информации за употребата на песните и за приходите генерирани од нив. Компанијата има право на жалба.

    Конечната одлука би можела да има многу поголеми последици и да се однесува на користењето на сите уметнички дела од страна на генеративната вештачка интелигенција, изјави Силке фон Левински од Институтот за иновации и конкурентност „Макс Планк“ во Минхен.

    Таа верува дека победата на ГЕМА во случајот би го поместила балансот на моќ помеѓу креативните индустрии и технолошките компании.

    „Пред да може да се користи текст за генеративна вештачка интелигенција, носителите на правата би морале да дадат согласност и би можеле да бидат наградени“, рече таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира