ЈАС СУМ ТОЈ ШТО МОЖЕ ДА ГО СОБОРИ ТРАМП, ВЕЛИ ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН ВО ЕДЕН МЕЈЛ, СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРИТИСОКОТ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА СИТЕ ДОСИЕЈА

    ЈАС СУМ ТОЈ ШТО МОЖЕ ДА ГО СОБОРИ ТРАМП, ВЕЛИ ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН ВО ЕДЕН МЕЈЛ, СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРИТИСОКОТ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА СИТЕ ДОСИЕЈА

    Новата членка на Конгресот, демократката Аделита Гриџалва, ја потпиша петицијата чија цел е да се изнуди гласање за тоа дали да му се наложи на министерството за правда да ги објави досиејата на сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн. Таа стана 218. потписник на петицијата, со што беше достигнат потребниот праг за да се продолжи со процедурата.

    Меѓу потписниците се и четворица републикански конгресмени, вклучувајќи го Томас Мејси, кој е коспонзор на петицијата.

    Демократите во Претставничкиот дом вчера објавија е-пошта за која велат дека отвора нови прашања за односот на Доналд Трамп со Епстајн и колку тој знаел за злоупотребата на малолетни девојчиња, што Белата куќа го оцени како лажен наратив. Задужбината на Епстајн потврди дека му предала на Наздорниот комитет на Претставничкиот дом повеќе од 2.900 документи со 23.124 страници.

    Овие мејлови не докажуваат буквално ништо“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ебигејл Џексон, додека другата портпаролка Керолајн Ливит кажа дека приказната за Епстајн е уште една измама на демократите и мејнстрим медиумите за да се одвлече вниманието од победите на претседателот.

    Во еден мејл до авторот Мајкл Волф од 2019 Епстајн напишал дека Трамп „знаел за девојчињата“, а во порака до својата соработничка Гилејн Максвел од 2011 навел дека Трамп поминал часови во неговата куќа со една од жртвите.

    Меѓу мејловите објавени вчера е и еден помеѓу Епстајн и адвокатката Кетрин Ремлер, во кој тој вели „знам колку е валкан Доналд“. Во други пораки од 2018, Епстајн рекол „јас сум оној што може да го собори Трамп“.

    Трамп вчера ги обвини демократите дека ја користат „измамата со Џефри Епстајн за да го тргнат вниманието од нивните огромни неуспеси“.

    Иако досега се објавени илјадници страници документи поврзани со Епстајн, има уште повеќе што не се објавени. Имаше многу дебати околу тоа дали досиејата на министерството за правда вклучуваат список на клиентите на Епстајн, што беше навестено од јавната обвинителка Пем Бонди во февруари. Таа подоцна кажа дека не мислела така.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира