ЕКСПЛОЗИИ И ПОЖАРИ НИЗ ЦЕЛИОТ КИЕВ ПО ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ И ПРОЕКТИЛИ

    ЕКСПЛОЗИИ И ПОЖАРИ НИЗ ЦЕЛИОТ КИЕВ ПО ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ И ПРОЕКТИЛИНајмалку четири лица загинаа, а десетици се ранети (Фото: АП)

    Русија изведе голем напад врз Киев со дронови и проектили, што предизвика пожари во речиси сите градски окрузи, изјави градоначалникот Витали Кличко. Најмалку четири лица загинаа, а десетици се ранети, според претседателот Володимир Зеленски, додавајќи дека Русија лансирала околу 430 беспилотни летала и 18 ракети.

    Официјални лица кажаа дека остатоци од дронови и пожари оштетија станбени висококатници, училиште, медицинска установи и административни згради. Кличко кажа дека е оштетен и градскиот систем на греење, додавајќи дека би можело да има нарушувања и во снабдувањето со струја и вода.

    „Русите погодија станбени згради. Има многу оштетени згради, во речиси сите окрузи“, кажа шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко.

    Украинските воздушни сили објавија дека имало воздушни напади и во други региони на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира