ДЕБЕЛИНАТА И РАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРИЧИНИ ЗА ОДБИВАЊЕ ЗА АМЕРИКАНСКА ВИЗА, СПОРЕД УПАТСТВОТО НА РУБИО

    ДЕБЕЛИНАТА И РАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРИЧИНИ ЗА ОДБИВАЊЕ ЗА АМЕРИКАНСКА ВИЗА, СПОРЕД УПАТСТВОТО НА РУБИОУпатството на Марко Рубио е построго толкување на правилото за „јавен товар“ (Фото: АП)

    Странците кои аплицираат за виза за живеење во САД би можеле да бидат одбиени ако имаат одредени здравствени состојби, како дебелина, дијабетес или рак, според наредбата издадена од владата на Доналд Трамп минатата недела.

    Упатството што Стејт департментот го испрати до амбасадите и конзуларните претставништва им наложува на службениците за визи да ги сметаат кандидатите за неподобни за влез во САД од неколку нови причини, вклучувајќи ги возраста и веројатноста дека би можеле да се потпрат на јавни бенефиции. Во упатството се вели дека таквите луѓе би можеле да станат „јавен товар“ и потенцијален трошок за државата поради нивните здравствени проблеми или возраста.

    Упатството на државниот секретар Марко Рубио е построго толкување на правилото за „јавен товар“. Тоа правило им забранува на потенцијалните имигранти да влезат во земјата ако се смета дека подоцна ќе им биде потребна државна помош.

    „Мора да се земе предвид здравјето на апликантот. Одредени здравствени проблеми како кардиоваскуларни, респираторни и невролошки заболувања, рак и дијабетес можат да бараат стотици илјади долари за лекување“, стои во упатството на Рубио.

    И дебелината кај возрасните го зголемува ризикот од проблеми како висок крвен притисок, проблеми со дишењето и заболувања на жолчката, што според Центарот за контрола и превенција на болести „бара скапа и долгорочна нега“.

    Иако проценката на здравјето на потенцијалните имигранти е дел од процесот на аплицирање за виза со години, експертите велат дека новите упатства значително го прошируваат списокот на медицински состојби што треба да се земат предвид и им даваат на службениците за визи поголема моќ во одлучувањето врз основа на здравствената состојба на апликантот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира