ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЈА УРИВА ТЕРАСАТА НА КАФУЛЕТО „ДЕЖАВУ“ СО КОЈА БЕШЕ ЗАГРАДЕН ТРЕВНИКОТ КАЈ „КАПИТОЛ МОЛ“

    ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЈА УРИВА ТЕРАСАТА НА КАФУЛЕТО „ДЕЖАВУ“ СО КОЈА БЕШЕ ЗАГРАДЕН ТРЕВНИКОТ КАЈ „КАПИТОЛ МОЛ“Објектот функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, чија важност е истечена. (Фото: Општина Аеродром)

    Општина Аеродром денеска почна да ја урива заградената летна тераса на кафулето „Дежаву“ кај ТЦ „Капитол мол“. Како што велат од Општината, тревникот кој беше претворен во кафуле сега повторно ќе биде целосно отворен и вратен на користење на сите граѓани.

    „Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење. По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче“, соопштија од Општина Аеродром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира