НЕМААТ ПРИСТАП ДО ЗАШТИТА ОД ОНЛАЈН ВОЗНЕМИРУВАЊЕ 1,8 МИЛИЈАРДИ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА ВО СВЕТОТ, ПОЧНУВА КАМПАЊАТА НА ОН ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

    НЕМААТ ПРИСТАП ДО ЗАШТИТА ОД ОНЛАЈН ВОЗНЕМИРУВАЊЕ 1,8 МИЛИЈАРДИ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА ВО СВЕТОТ, ПОЧНУВА КАМПАЊАТА НА ОН ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВОКампањата се одржува секоја година во периодот од 25 ноември до 10 декември и го поврзува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со Денот на човековите права. (Фото: ОН)

    Да се стави крај на дигиталното насилство врз сите жени и девојчиња е фокусот на  глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединети нации (ОН) Жени, во рамките на иницијативата УНиТЕ за ставање крај на насилството врз жените. Кампањата се одржува секоја година во периодот од 25 ноември до 10 декември и го поврзува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со Денот на човековите права.

    Дигиталното насилство вклучува онлајн вознемирување, демнење, родово базирани дезинформации, дипфејкови (аудиовизуелни содржини создадени преку вештачка интелигенција, со цел да се генерираат високо реалистични лажни слики и видеа со помош на само една фотографија или видео од лицето на жртвата), споделување интимни фотографии без согласност, а сите овие форми нагло се зголемуваат со напредокот на технологијата.

    Една од четири новинарки во светот пријавува онлајн закани за физичко насилство, меѓу кои и закани со смрт. (Фото: ОН)

    Според податоците на Светската банка, помалку од 40 проценти од државите имаат закони што ги штитат жените од сајбер вознемирување или сајбер демнење. Поради ова, 44 проценти од жените и девојчињата во светот – 1,8 милијарди – се оставени без пристап до правна заштита.

    Една од четири новинарки во светот пријавува онлајн закани за физичко насилство, меѓу кои и закани со смрт.

    „Она што започнува онлајн, не останува онлајн. Дигиталната злоупотреба се прелева во реалниот живот и шири страв, ги замолчува гласовите и – во најлоши случаи – доведува до физичко насилство и фемицид.  Законите мора да се унапредуваат заедно со технологијата за да може правдата постојано да ги штити жените и онлајн и офлајн. Поради слабата правна заштита милиони жени и девојки се во ранлива ситуација, а сторителите поминуваат неказнето. Ова е неприфатливо. Преку својата кампања ’16 дена активизам’, ОН Жени повикува на свет во кој технологијата служи за еднаквост, а не за штета, “ вели извршната директорка на ОН Жени, Сима Бахус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира