СО ВОВЕДНИ ЗБОРОВИ НА 10-ТЕ ОБВИНИТЕЛИ ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКОТО ДИВО ДИСКО „ПУЛС“ СО 63 МЛАДИ ЖРТВИ, РОДИТЕЛИТЕ ВО ЦРНИНА И ТАГА СЕ ВО СУДНИЦАТА

    СО ВОВЕДНИ ЗБОРОВИ НА 10-ТЕ ОБВИНИТЕЛИ ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКОТО ДИВО ДИСКО „ПУЛС“ СО 63 МЛАДИ ЖРТВИ, РОДИТЕЛИТЕ ВО ЦРНИНА И ТАГА СЕ ВО СУДНИЦАТАОбвинетиот газдата на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко на судењето е спроведен од затворот Куманово. (Фото: К. Попов)

    Судијката Диана Груевска-Илиевска од Основниот кривичен суд Скопје денеска пред преполната судница во рамки на Казнено поправната установа (КПУ) „Идризово“, во која имаше над 200 луѓе, час и пол ги читаше обвинетите за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани на 16 март, потоа нивните адвокати, присутните новинари, медиуми, додека ужалените родители на 63-те жртви, облечени во маици со слики од нивните починати деца, чекаа да почне судењето.

    Но тоа суштински не почна ни до 13 часот, поради промени во обвинението и во доказите од двете страни.

    За најголемата несреќа во земјава во која на 16 март која изгореа 63 млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени, обвинети се: газдата на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко спроведен од затвор Куманово, Митко Стојанов, синот на Деко Михаил Јованов , Гроздан Милчковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Коцев, Ратко Димитровски, Николчо Илиев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Мартин Георгиев, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џевад Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сарачини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шевкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Хасапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кизмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, газдата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Александар Нацев,.

    Обвинетите 3 фирми се: „МММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон секјурити“ и „Венци проект“ Кочани.

    Обвинителството ги спои обвинението со првите 34 обвинети со тоа против Нацев, кој е додатно истражуван и обвинет. Плус, ги редуцираше и предложените докази и сведоци, па излезе проблем за адвокатите кои колективно побараа одлагање за да го видат интегрираното обвинение. Побараа одлагање и за да извршат увид во доказите и сведоците што ги тргна обвинителството од својата доказна листа, за како што рекоа, да видат дали ќе им требаат за тие да ги предложат.

    На ова, обвинителот Борче Јанев рече дека денеска и тие добиле нови докази од обвинетите.

    Обвинителството првично предложило 282 сведока, но адвокатите рекоа дека не знаат од колку се откажало Обвинителството.

    По советувањето, судискиот совет на чело со Груевска-Илиевска, одлучи да не го прекине денешното рочиште и дозволи судењето да почне со давање воведни зборови од присутните 10 обвинители.

    Новото рочиште е на 25 ноември, кога пак не ќе може веднаш да почне, зашто ќе треба за изменетите докази да се изјаснат одбраната и обвинителите.

    Родителите на загинатите деца претходно гласно реагираа кога адвокатите бараа одлагање на судењето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира