ЗЛАТНА ВЕЦЕ ШОЛЈА ПРОДАДЕНА НА АУКЦИЈА ЗА 12 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ПРВАТА ВЕРЗИЈА БЕШЕ УКРАДЕНА ВО 2019

    ЗЛАТНА ВЕЦЕ ШОЛЈА ПРОДАДЕНА НА АУКЦИЈА ЗА 12 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ПРВАТА ВЕРЗИЈА БЕШЕ УКРАДЕНА ВО 2019Иако уметничко дело, „Америка“ е целосно функционална шолја направена од 101,2 килограми чисто 18-каратно злато (Фото: Сотбис)

    Златна веце шолја која на аукција достигна цена од 12 милиони долари била купена од американската компанија „Риплиево верувале или не!“, откако нејзината прва верзија беше украдена од британската палата Бленхајм во 2019.

    Креирана од италијанскиот концептуален уметник Маурицио Каталан, „Америка“ е целосно функционална шолја направена од 101,2 килограми чисто 18-каратно злато. Првата верзија на делото беше поставена во јавен тоалет во музејот Гугенхајм во 2016, пред да биде украдена во Британија три години подоцна.

    Подоцна беше објавено дека постои уште една златна веце шолја, која беше продадена на аукција на „Сотбис“ во Њујорк во вторникот. За неа имало само една понуда, при што „Сотбис“ кажа дека почетната цена ќе биде утврдена според точната цена на нејзината тежина во злато.

    Рипли“ управува со бројни атракции низ светот, вклучувајќи музеи со необичности и аквариуми.

    Истражуваме можности дали на гостите некогаш ќе им биде дозволено да седнат на златната шолја. Тоа бара сериозно планирање и некој доволно храбар да се осигура дека сè ќе тече во вистинската насока“, рекоа од „Рипли“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира