МВР ГО ОБЈАВИ ИЗБЕГАНИОТ РЕМЗИ МИФТАРИ ВО „ПОТРАГИ“, ОСУДЕН Е НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ЛАСКАРЦИ

    МВР ГО ОБЈАВИ ИЗБЕГАНИОТ РЕМЗИ МИФТАРИ ВО „ПОТРАГИ“, ОСУДЕН Е НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ЛАСКАРЦИИ газдата на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули (осуден исто така на 10 години) доби херниа, и од истите причини и тој не е се уште во затвор (Фото:СДК.МК)

    Во делот „Потраги“ на сајтот на МВР, осамна фотографијата на Ремзи Мифтари кој и официјално е во бегство од затворската казна од 10 години, изречена за страшната сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, кога се преврте автобус на „Дурмо турс“, во која компанија Мифтари беше одговорен за возниот парк.

    По неколкукратно одложување на одењето во затворот „Идризово“, со образложенија дека е болен, па треба да се оперира од кила на тестиси, па да заздраве од операцијата, Мифтари не дојде на затворската капија во рокот што му бил даден. На 18 ноември судијата од ОС Гостивар  за извршување на санкциите, побара присилно приведување на Мифтари, но доцна. Полицијата не го најде Мифтари и се уште го бара.

    Пресудата му беше изречена уште во мај, како и на Дурмиш Белули кој е газда на „Дурмо турс“, кој исто така е осуден на 10 години затвор и кој исто како и Мифтари, се оперираше од кила на тестиси, речиси истовремено со него.

    На барање на хирургот што го оперирал, поради компликации, осудијата за извршување на санкции од Судот во Гостивар му дал уште едно одлагање од 15 дена, па така  сега на први декември Белули треба да се јави во „Идризово“ и да почне да ја одлежува казната од 10 години затвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира