НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО ХОНГКОНГ ШТО ЗАФАТИ СЕДУМ ЗГРАДИ, ОГНОТ СЕ ШИРЕЛ ПРЕКУ БАМБУСОВИ СКЕЛИЊА

    НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО ХОНГКОНГ ШТО ЗАФАТИ СЕДУМ ЗГРАДИ, ОГНОТ СЕ ШИРЕЛ ПРЕКУ БАМБУСОВИ СКЕЛИЊАПричината за пожарот засега не е позната (Фото: АП)

    Најмалку 14 луѓе, од кои еден пожарникар, загинаа во големиот пожар што денеска зафати седум згради од станбен комплекс во Хонгконг. Повеќе од 760 пожарникари се борат со пожарот, кој и натаму е активен, неколку часа по избувнувањето. Властите кажаа дека условите и натаму се многу предизвикувачки за пожарникарите и спасувачките екипи.

    Причината за пожарот засега не е позната, но се верува дека огнот помогнат од ветерот брзо се проширил преку бамбусовите скелиња поставени на надворешноста на зградите, кои биле во фаза на реновирање. Владата на Хонгконг прогласи највисоко, петто ниво на пожар.

    Отпадоци и скелиња од опожарените згради паѓаат, а температурата е многу висока. Тешко ни е да влеземе во зградите и да се качиме горе за да спроведеме противпожарни и спасувачки операции“, рече Дерек Армстронг Чен, заменик-директор на противпожарните служби на Хонгконг, додавајќи дека примиле дојави дека и натаму има заглавени луѓе во зградите.

    Најмалку 15 лица се повредени, а над 1.000 луѓе се префрлени во привремени засолништа. На терен се распоредени 128 противпожарни и 57 амбулантни возила.

    Довршен во 1983 година, комплексот „Ванг фук корт“ се состои од осум згради високи по 31 кат. Содржи 1.984 станови, во кои живеат над 4.600 луѓе, од кои една третина се постари од 65 години, според владини податоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира