ПОЧИНА ЛЕНЧЕ СОФРОНИЕВСКА, ЕДНА ОД ОСНОВОПОЛОЖНИЦИТЕ НА СУДСТВОТО ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

    ПОЧИНА ЛЕНЧЕ СОФРОНИЕВСКА, ЕДНА ОД ОСНОВОПОЛОЖНИЦИТЕ НА СУДСТВОТО ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

    Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, една од основоположниците на современиот судски систем во Македонија во периодот по стекнувањето независност на државата и на преминот во плуралистичка демократија, почина во средата на 26 ноември на 77 годишна возраст, соопшти семејството.

    Најголем дел од својот професионален живот го посвети на реформите во правосудството заради обезбедување на самостојност и независност на судската од извршната и законодавната власт.

    Софрониевска, која е родена на 14 јануари 1948 година во Скопје, правосудната кариера ја започнува во 1974 година во Општинскиот суд Скопје 2, кога била избрана за најмлад дотогаш избран судија во тогашната СР Македонија.

    Во претходниот систем била претседател на Судот на здружен труд и член на Претседателството на ЦК СКМ.

    По прогласувањето независна македонска држава, Ленче Софрониевска била советник во првата Влада на Република Македонија, а потоа генерален секретар на Владата.

    Беше судија и претседател на Апелациониот суд во Скопје, како и член и претседател на Републичкиот судски совет на Република Македонија.

    До пензионирањето работеше како адвокат.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира