Државниот пазарен инспекторат најавува засилени контроли во кафеаните и кафулињата за новогодишните прослави и забави. Од Пазарната инспекција велат дека ќе биде контролирано и дали во објектите има поголем број на гости од дозволеното.
„Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, Законот за заштита од пушење и сите други одредби. Државниот пазарен инспекторат соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе преземе мерки и санкции согласно законите“, велат од Пазарната инспекција.
Од Пазарната инспекција повикуваат сите неправилности да се пријавуваат во Државниот пазарен инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk.



