Владата на денешната седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена. Како што велат од Владата, оваа одлука се носи поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.
„Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии“, велат од Владата.
Минатата недела, АД ЕСМ преку писмо побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја поради блокадите на грчките земјоделци на Коридорот 10, што ја отежнува доставата на енергенси потребни за производство на електрична енергија.



