Шефот на либиската војска загина во авионска несреќа во Турција, изјави либискиот премиер. Генералот Мохамед Али Ахмед ал-Хадад и уште четворица други биле во авионот „фалкон 50“ што летал од Анкара кон Триполи.
Во објава на Икс, турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека сигналот со авионот бил изгубен во 20:52 часот по локално време, околу 42 минути откако полетал од аеродромот во Анкара.
Авионот побарал итно слетување пред да се изгуби контактот. Остатоците од авионот подоцна биле пронајдени југозападно од Анкара, а во тек е истрага за причините за несреќата.
Генералот Хадад и неговиот тим беа во Турција на разговори за понатамошно зајакнување на воената и безбедносната соработка помеѓу двете земји.



