ДВА ДЕНА НЕМА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТЕТО „26 ЈУЛИ“ ВО ШУТО ОРИЗАРИ, НАСТАВНИЦИТЕ ПРОТЕСТИРААТ И БАРААТ ДА СЕ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА

    ДВА ДЕНА НЕМА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТЕТО „26 ЈУЛИ“ ВО ШУТО ОРИЗАРИ, НАСТАВНИЦИТЕ ПРОТЕСТИРААТ И БАРААТ ДА СЕ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТАНаставниците протестираат и бараат да биде разрешена директорката Беса Ресиди поради која, како што велат, е нарушен воспитно-образовниот процес.(Фото: СДК.МК)

    Втор ден нема настава во основното училиште „26 Јули“ во скопско Шуто Оризари. Децата од вчера се враќаат дома, бидејќи наставниците протестираат и бараат да биде разрешена директорката Бесаре Сејди поради која, како што велат, е нарушен воспитно-образовниот процес.

    Пред година и пол, на Општината ѝ беа одземени ингеренциите за ова училиште од Државниот просветен инспекторат, Сејди беше разрешена и за нов директор на беше поставен Дритан Ганиу.  Сејди поднела тужба против оваа одлука и Управниот суд одлучил дека незаконски била разрешена и дека треба да се врати на работното место. Градоначалникот Курто Дудуш постапил по одлуката и во ноември ја вратил Сејди на директоркото место.

    Наставниците се противат на нејзиното враќање и до градоначалникот и Министерството за образование доставиле барање потпишано од 140 вработени за Ганиу повторно да биде вратен за директор.

    Градоначалникот Дудуш за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека денеска го добил писмото со барањата на наставниците.

    „Ќе го разгледам барањето, ќе се консултирам и со Министерството за образовани како да се постапи во овој случај“, ни рече Дудуш.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира