ТАЈЛАНД И КАМБОЏА ПОТПИШАА ПРИМИРЈЕ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ПОГРАНИЧНИОТ КОНФЛИКТ

    ТАЈЛАНД И КАМБОЏА ПОТПИШАА ПРИМИРЈЕ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ПОГРАНИЧНИОТ КОНФЛИКТСпогодбата, потпишана од тајландскиот министер за одбрана Натафон Накрфанит и  камбоџанскиот колега Теа Сеиха, стави крај на 20-дневните борби во кои загинаа најмалку 101 лице, а повеќе од половина милион беа раселени од двете страни. (Фото: АП)

    Тајланд и Камбоџа денеска се согласија да ги прекинат жестоките гранични судири што траат неколку недели, најтешките борби во последните години меѓу земјите од Југоисточна Азија, во кои имаше напади со борбени авиони, размена на ракетен оган и артилериски баражи.

    „Двете страни се согласуваат да го одржат сегашното распоредување на трупите без понатамошно движење“, изјавија нивните министри за одбрана во заедничка изјава за прекинот на огнот, што ќе стапи на сила напладне по окално време. „Секое засилување би ги зголемило тензиите и негативно би влијаело на долгорочните напори за решавање на ситуацијата“, се вели во соопштението објавено на социјалните медиуми од Министерството за одбрана на Камбоџа.

    Спогодбата, потпишана од тајландскиот министер за одбрана Натафон Накрфанит и  камбоџанскиот колега Теа Сеиха, стави крај на 20-дневните борби во кои загинаа најмалку 101 лице, а повеќе од половина милион беа раселени од двете страни.

    Судирите повторно се разгореа на почетокот на декември по прекинот на примирјето што го постигнаа со посредство на претседателот на САД Доналд Трамп и малезискиот премиер Анвар Ибрахим за запирање на претходната рунда борби.

    Повеќе од еден век, Тајланд и Камбоџа го оспоруваат суверенитетот на разни необележани точки по должината на нивната копнена граница од 817 км – спор што повремено прераснува во престрелки и борби. Најновото примирје ќе го следи тим набљудувачи од регионалниот блок на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), како и директна координација меѓу двете земји, рече Натафон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира