Шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов кажа дека руските сили се во офанзива во североисточна Украина откако Владимир Путин наредил да се прошири тамошната тампон-зона во 2026. Герасимов кажа дека ова се однесува на пограничните украински региони Суми и Харкив.
Тој ја посетил воената групација „Север“ формирана во 2024 за да се создаде тампон-зона долж границата и да се истераат украинските сили оттаму. Путин постојано ја прикажува тампон-зоната како начин за потиснување на украинските сили и оружје подалеку од границата за да се спречат прекугранични гранатирања и напади врз регионите Белгород и Курск.
Киев смета дека идејата за тампон-зона е само оправдување за натамошно напредување на руските сили.
„Руските планови за Харкив и Суми се луди и ќе се спротивставиме на тоа“, рече Володимир Зеленски.



