РУБИО НЕ ПОТВРДИ ДАЛИ КУБА Е СЛЕДНАТА ЦЕЛ НА САД, НО КАЖА ДЕКА Е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ

    РУБИО НЕ ПОТВРДИ ДАЛИ КУБА Е СЛЕДНАТА ЦЕЛ НА САД, НО КАЖА ДЕКА Е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМРубио ја обвини Куба дека имала централна улога во поддршката на владата на Мадуро (Фото: Гети)

    Американскиот државен секретар Марко Рубио не сакаше директно да каже дали Куба е следната цел на администрацијата на Доналд Трамп, но призна дека кубанската влада е голем проблем. Тој кажа дека Кубанците, а не Венецуелците го чуваа Николас Мадуро пред неговото апсење вчера.

    Мислам дека се во голема неволја. Не сакам да зборам кои ќе бидат нашите идни чекори и каква е нашата моментална политика во тој поглед, но не е никаква мистерија ако кажам дека не сме големи фанови на кубанскиот режим“, изјави Рубио, кој има кубанско потекло.

    Куба, која е еден од најблиските сојузници на Венецуела и е силно зависна од нејзината нафта, го осуди американскиот напад како „чин на државен тероризам“.

    Опишувајќи ја Куба како катастрофа, Рубио ги обвини кубанските функционери дека имале централна улога во поддршката на владата на Мадуро.

    Неговиот внатрешен безбедносен апарат е целосно контролиран од Кубанци. Него не го чуваа венецуелски телохранители, имаше кубански телохранители. Што се однесува до нивната внатрешна разузнавачка служба, сите тие се Кубанци“, рече Рубио.

    Ден по акцијата во Каракас, Рубио порача дека САД не се во војна со Венецуела, туку со организации за трговија со дрога.

    Тоа не беше инвазија, туку операција за спроведување на законот“, додаде тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира