ИМИГРАЦИСКИ АГЕНТ УБИ ЖЕНА ВО МИНЕАПОЛИС, ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ НЕГИРААТ ДЕКА БИЛО САМООДБРАНА

    ИМИГРАЦИСКИ АГЕНТ УБИ ЖЕНА ВО МИНЕАПОЛИС, ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ НЕГИРААТ ДЕКА БИЛО САМООДБРАНАМинистерството за внатрешна безбедност рече дека Рене Никол Гуд била насилна демонстрантка која се обидела да прегази агент (Фото: АП)

    Американски имиграциски агент уби 37-годишна жена во Минеаполис, при што локалните власти ја отфрлија владината верзија дека тој реагирал во самоодбрана. Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека Рене Никол Гуд била насилна демонстрантка која се обидела да прегази агент на ИЦЕ.

    Агентот несовесно ја користеше моќта што резултираше со нечија смрт“, изјави градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј.

    Ова уследи откако стотици агенти на ИЦЕ беа распоредени во Минеаполис како дел од мерките на Белата куќа против нелегалната имиграција.

    Видеата објавени на социјалните мрежи го прикажуваат моментот на пукањето. Од различни гледни точки може да се види темноцрвен џип како блокира станбена улица во Минеаполис, а голем број луѓе се наредени на плочникот.

    Откако доаѓаат возила на органите за спроведување на законот, агенти за имиграција застануваат до џипот паркиран на улицата и ѝ кажуваат на жената зад воланот да излезе надвор. На снимките не се гледа јасно дали агентот бил удрен од возилото, но тој почнува да пука кога џипот се обидува да избега. Се слушаат три истрели, по што возилото удира во автомобил паркиран во близина.

    Трамп рече дека еден агент на ИЦЕ бил грубо прегазен.

    Тешко е да се поверува дека е жив, но сега закрепнува во болница“, кажа тој.

    Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави дека жената ги следела и попречувала полицајците во текот на целиот ден и дека агентот пукал во самоодбрана, додека градскиот совет на Минеаполис објави дека Гуд само се грижела за своите соседи кога била застрелана.

    ИЦЕ не го прави градот побезбеден, туку сее хаос“, изјави градоначалникот Фреј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира