Едно лице загина, а едно е повредено во пожар што изби во стан во Тетово. Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово бил пријавен вчера вечерта во 19.05 часот, а се случил во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. Кога пристигнала Пожарната од станот излегувал густ чад. При интервенцијата пожарникарите влегле во запалениот стан каде нашле едно починато лице, а второто било повредено.
Починатиот Обрад Стојановиќ 42 години работеше како наставник по практична настава во Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски-Амбарче“, во Тетово. Еден е од основачите на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово и негов прв претседател.
„На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица 180 во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О. С. (76) од Тетово, кој починал на местото. Со изгореници се здобил неговиот син М. С. (51) од Тетово, при обид да го изгаси огнот. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово“, соопшти СВР Тетово.
З. АНДОНОВ



