ЗАПОЧНА ВТОРАТА ФАЗА ОД МИРОВНИОТ ПЛАН ЗА ГАЗА, КОЈА ПРЕДВИДУВА ФОРМИРАЊЕ НА ТЕХНОКРАТСКА ВЛАДА И РАЗОРУЖУВАЊЕ НА ХАМАС

    ЗАПОЧНА ВТОРАТА ФАЗА ОД МИРОВНИОТ ПЛАН ЗА ГАЗА, КОЈА ПРЕДВИДУВА ФОРМИРАЊЕ НА ТЕХНОКРАТСКА ВЛАДА И РАЗОРУЖУВАЊЕ НА ХАМАСВо следната фаза ќе се одвиваат обнова и целосна демилитаризација на Газа (Фото: АП)

    Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф го означи почетокот на втората фаза од мировниот план за Газа, кој предвидува формирање технократска палестинска влада. Во рамките на првата фаза, која почна во октомври, Израел и Хамас договорија примирје, размена на заложници и затвореници, делумно повлекување на израелската војска и достава на помош во Газа.

    Виткоф кажа дека во следната фаза ќе се одвиваат обнова и целосна демилитаризација на Газа, што вклучува и разоружување на Хамас и другите палестински милитантни групи.

    САД очекуваат Хамас целосно да се придржува до своите обврски, што значи и враќање на телото на последниот израелски заложник. Неуспехот во тоа ќе донесе многу сериозни последици“, кажа Виткоф.

    Сепак, две клучни точки од втората фаза остануваат проблематични. Хамас досега одбиваше да го положи оружјето без создавањето палестинска држава, а Израел не вети целосно повлекување од Газа. Примирјето исто така е кревко, па откако стапи во сила загинале речиси 450 Палестинци.

    Со започнувањето на втората фаза од мировниот план на Трамп од 20 точки, Газа се движи од прекин на огнот кон демилитаризација, технократско управување и реконструкција. Во втората фаза ќе се воспостави преодна технократска палестинска управа и започнува разоружување на целиот неовластен персонал“, рече тој.

    Регионалните посредници Египет, Катар и Турција кажаа дека 15-члениот Палестински технократки комитет ќе го предводи Али Шат, поранешниот заменик-министер за планирање во Палестинската самоуправа. Оваа управа ќе биде надгледувана од Мировен борд, на чие чело ќе биде Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира