ГРЕНЛАНД Е ДАНСКА ТЕРИТОРИЈА, ВЕЛИ РУСИЈА И ГИ ОТФРЛИ ТВРДЕЊАТА ДЕКА Е ЗАКАНА ЗА ОСТРОВОТ

    ГРЕНЛАНД Е ДАНСКА ТЕРИТОРИЈА, ВЕЛИ РУСИЈА И ГИ ОТФРЛИ ТВРДЕЊАТА ДЕКА Е ЗАКАНА ЗА ОСТРОВОТОткако се врати во Белата куќа, Доналд Трамп постојано се заканува со преземање на Гренланд (Фото: АП)

    Данска доби неочекувана поддршка од Русија откако Кремљ кажа дека го смета Гренланд за данска територија, додавајќи дека ситуацијата околу островот е исклучителна од гледна точка на меѓународното право.

    „Неприфатливо е тврдењето на западот дека Русија и Кина му се закануваат на Гренланд. Оваа криза ги покажува двојните стандарди на западните сили, кои тврдат дека имаат морална супериорност“, соопшти Кремљ.

    Откако се врати во Белата куќа, Доналд Трамп постојано се заканува со преземање на Гренланд, при што не исклучи и употреба на сила. Тој тврди дека Гренланд е од витално значење за националната безбедност на САД и дека само тие можат да го одбранат од идна окупација од Русија или Кина.

    „Навистина ни треба. Проблемот е што Данска не може да направи ништо ако Русија или Кина сака да го окупира Гренланд. Ние можеме сѐ“, порача Трамп.

    Како одговор на грижите на Трамп, неколку европски држави испратија трупи на Гренланд во рамките на заеднички воени вежби со Данска. Данскиот министер за одбрана Трелс Лунд Поулсен вчера го објави почетокот на операцијата „Арктичка издржливост“, чија цел е да се воспостави попостојано воено присуство на Гренланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира