БЛЕР, РУБИО И БУГАРСКИОТ ПОЛИТИЧАР НИКОЛАЈ МЛАДЕНОВ ЌЕ ЧЛЕНУВААТ ВО ОДБОРОТ ЗА ГАЗА НА ЧЕЛО СО ТРАМП

    БЛЕР, РУБИО И БУГАРСКИОТ ПОЛИТИЧАР НИКОЛАЈ МЛАДЕНОВ ЌЕ ЧЛЕНУВААТ ВО ОДБОРОТ ЗА ГАЗА НА ЧЕЛО СО ТРАМПМладенов ќе биде претставник на Одборот на терен во Газа кој директно ќе работи со владата (Фото: Гети)

    Белата куќа ги објави членовите на Одборот за мир за Газа, кој ќе ја надгледува работата на палестинската технократска влада, што е дел од втората фаза од мировниот план на Доналд Трамп. Меѓу основачките членови на Одборот се бившиот британски премиер Тони Блер, државниот секретар на САД, Марко Рубио, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

    Бугарскиот политичар Николај Младенов, поранешен специјален пратеник на Обединетите нации за Блиски Исток, ќе биде претставник на Одборот на терен во Газа кој директно ќе работи со владата, наречена Национален комитет за управа на Газа.

    Трамп ќе биде претседател на Одборот, кој ќе управува и со обновата на Газа.

    Ова е најголемиот и најпрестижен одбор некогаш собран каде било и во кое било време“, кажа Трамп.

    Во него ќе членуваат и шефот на Светската банка, Аџај Банга и советникот за национална безбедност на САД, Роберт Габриел, а уште членови дополнително ќе бидат именувани.

    Претходно беше објавено формирањето на одделна 15-члена технократска влада, на чие чело ќе биде Али Шат, поранешен заменик-министер во Палестинската самоуправа.

    Во рамките на втората фаза од мировниот план ќе се формираат и Меѓународните стабилизациски сили, кои ќе ја обучуваат и поддржуваат проверената палестинска полиција. Овие сили ќе ги предводи американскиот генерал Џаспер Џеферс.

    Во рамките на првата фаза, која почна во октомври, Израел и Хамас договорија примирје, размена на заложници и затвореници, делумно повлекување на израелската војска и достава на помош во Газа. Виткоф кажа дека во следната фаза ќе се одвиваат обнова и целосна демилитаризација на Газа, што вклучува и разоружување на Хамас и другите палестински милитантни групи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира