ДВАЈЦА МАЖИ ПРЕТЕПАЛЕ ГАЗДА НА ЗАТВОРЕНА КАФЕАНА ВО КУМАНОВО, ЗАШТО НЕ ИМ ОТВОРИЛ ДА СЕ ДОПИЈАТ

    ДВАЈЦА МАЖИ ПРЕТЕПАЛЕ ГАЗДА НА ЗАТВОРЕНА КАФЕАНА ВО КУМАНОВО, ЗАШТО НЕ ИМ ОТВОРИЛ ДА СЕ ДОПИЈАТНедопиените му задале на сопственикот повеќе удари по главата и телото, го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и повреда на увото (Фото:СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои претепале сопственик на кафеана кој нејќел да им отвори по 1 часот по полноќ, за да продолжат да пијат.

    Заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, а насилство секогаш се бара притвор.

    „На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да консумираат алкохол. Сопственикот не им дозволил, по што тие продолжиле со особено агресивни дејствија во дворот на угостителскиот објект, па физички го нападнале сопственикот и му задале повеќе удари по главата и телото. Го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и повреда на увото. Со ваквите насилнички дејствија осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв кај уште неколку лица кои во моментот се затекнале во близина на објектот“, кажа Обвинителството.

    Основниот суд Куманово го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на насилниците им определил притвор во траење од по 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира