МОЖЕМЕ ДА ПРЕГОВАРАМЕ ЗА СÈ ОСВЕН ЗА СУВЕРЕНИТЕТОТ, КАЖА ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ФРЕДЕРИКСЕН ЗА ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП

    МОЖЕМЕ ДА ПРЕГОВАРАМЕ ЗА СÈ ОСВЕН ЗА СУВЕРЕНИТЕТОТ, КАЖА ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ФРЕДЕРИКСЕН ЗА ЗАКАНИТЕ НА ТРАМПФредериксен вели дека Данска е спремна да разговара со САД за безбедноста на Гренланд (Фото: АП)

    Данска е подготвена да разговара со САД за прашања поврзани со безбедноста и економијата на Гренланд, но не и за суверенитетот, изјави данската премиерка Мете Фредериксен во услови на зголемени тензии со Доналд Трамп.

    Можеме да преговараме за сè. Но, не можеме да преговараме за нашите фундаментални вредности – суверенитетот, идентитетот на нашите земји и нашите граници, нашата демократија“, изјави Фредериксен во данскиот парламент.

    Нејзините коментари доаѓаат во време кога европските лидери се здружуваат за да ги одбранат Данска и Гренланд од експанзионизмот на Трамп, додека истовремено подаваат рака за дипломатско решение.

    Урсула фон дер Лајен изјави дека ако Трамп воведе царини од 10% за осум европски земји за да ја принуди продажбата на Гренланд, Европската Унија ќе возврати со непоколеблив, обединет и пропорционален одговор. Емануел Макрон изјави на Светскиот економски форум во Давос дека ЕУ во сегашната геоекономска средина не треба да се двоуми да го употреби својот инструмент против принуда познат како „трговска базука“, осврнувајќи се на САД и Кина.

    „Ова е лудо. Жалам за тоа, но ова е последица на непредвидливоста и бескорисната агресивност. Мора да останеме многу смирени“, рече Макрон.

    Како реакција на овие изјави, американскиот министер за финансии Скот Бесент им порача на Европејците да „седнат, длабоко да дишат и да не возвраќаат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира