МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВПАТ ЌЕ ИМА ЧЕТВОРИЦА СКИЈАЧИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА

    МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВПАТ ЌЕ ИМА ЧЕТВОРИЦА СКИЈАЧИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА(Фото: МОК)

    Македонија ќе има четворица претставници на претстојните 25. Зимски олимписки игри, кои ќе се одржуваат во Милано и Кортина од 6 до 22 февруари. Ова ќе биде најбројна македонска делегација на зимските олимпијади досега, откако претходно најчесто имавме по тројца учесници.

    Македонскиот олимписки комитет објави дека Македонија ќе ја претставуваат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески во слалом и велеслалом (алпско скијање) и Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиско скијање во дисциплините спринт и интервал старт 10 километри.

    Ова ќе биде трета олимпијада по ред за Јада, а Цветановска исто така учествуваше на претходните ЗОИ во Пекинг во 2022. Атанасовска и Лазарески ќе дебитираат на олимписката сцена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира