ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРАА ВО МИНЕСОТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АГЕНТИТЕ НА ИМИГРАЦИСКАТА СЛУЖБА – ИЦЕ

    ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРАА ВО МИНЕСОТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АГЕНТИТЕ НА ИМИГРАЦИСКАТА СЛУЖБА – ИЦЕНа минус десет степени илјадници излегоа на улиците, стотици продавници останаа затворени, вработените не дојдоа на работа, а учениците не посетуваа настава. (Фото: Гети)

    Во знак на протест против суровите постапки на американската имиграциска служба ИЦЕ, илјадници луѓе излегоа на улиците во сојузната држава Минесота – и покрај температурите под минус десет степени. Стотици продавници останаа затворени, вработените не дојдоа на работа, а учениците не посетуваа настава. Според аеродромските власти, полицијата уапсила неколку лица на аеродромот во Минеаполис. Причината за протестите беше апсењето на петгодишниот Лиам Конехо Рамос.

    Организаторите на актуелните протести бараат повлекување на ИЦЕ од Минесота, како и независна истрага за агентот на ИЦЕ кој уби 37-годишна жена на почетокот на јануари. Сојузните власти на САД ја окарактеризира акцијата како самоодбрана, додека опозициските демократи и демонстрантите зборуваа за прекумерна употреба на сила и недостаток на транспарентност за време на истрагата.

    Акциите на ИЦЕ се дел од заострената политика за депортација на мигранти за време на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп. Според американската влада, околу 3.000 луѓе се уапсени од почетокот на засилените акции во Минесота. Повеќе тужби од локалните власти против дејствијата на федералните служби моментално се наоѓаат пред судовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира