ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ЗА ПРВПАТ НАДМИНА 5.000 ДОЛАРИ ЗА УНЦА

    ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ЗА ПРВПАТ НАДМИНА 5.000 ДОЛАРИ ЗА УНЦАЗлатото и другите драгоцени метали се сметаат за безбедни средства што инвеститорите ги купуваат во време на неизвесност (Фото: ААП)

    Цената на златото за првпат надмина 5.000 долари за унца (28,35 грама), продолжувајќи го историскиот раст, во кој неговата вредност порасна за повеќе од 60% во 2025, најмногу во една година од 1979. Ова следува откако тензиите помеѓу САД и Европа околу Гренланд придонесоа за зголемување на финансиската и геополитичката несигурност.

    Златото и другите драгоцени метали се сметаат за безбедни средства што инвеститорите ги купуваат во време на неизвесност. Во петокот, вредноста на среброто првпат достигна 100 долари за унца, откако лани порасна за речиси 150%.

    Војните во Украина и Газа и американскиот упад во Венецуела исто така придонесоа за раст на цената на златото. Една од привлечностите на златото е неговата релативна реткост. Досега биле ископани само околу 216.265 тони од овој метал, според Светскиот совет за злато. Поголемиот дел од тоа е извлечен од земјата од 1950 година наваму, како што напредувала технологијата за рударство и биле откриени нови наоѓалишта.

    Геолошкиот завод на САД проценува дека уште 64.000 тони злато можат да се ископаат од подземните резерви, иако се предвидува дека понудата ќе се стабилизира во наредните години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира