ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР МЛЕКОТО ЗА ДОЕНЧИЊА „АПТАМИЛ“ ПОРАДИ ТОКСИН

    ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР МЛЕКОТО ЗА ДОЕНЧИЊА „АПТАМИЛ“ ПОРАДИ ТОКСИНАгенцијата апелира потрошувачите што го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото од кај што го купиле. (Фото: „Амазон“)

    Итно се повлекува од македонскиот пазар млекото за доенчиња „аптамил AR 2“, ENG 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата апелира потрошувачите што го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото од кај што го купиле.

    Симптомите на труење со токсинот цереулид, се појавуваат брзо, од 30 минути до три часа по пиењето на млекото, а најчестите знаци се силно повраќање и водена дијареја.

    „Нашите испекциски служби вчера спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна – увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои вчера како контакт-точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ добивме известување за пласиран небезбеден производ на македонскиот пазар. Станува збор за APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња по потекло од Ирска, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата во нотификацијата наведено е маслото ARA“, соопшти Агенцијата.

    Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.

    Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни.

    „Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата“, сооошти Агенцијата за храна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира