НЕ СМЕ ПОРНО ЅВЕЗДИ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ ОЛИМПИЈЦИ КОИ ПРЕКУ ОНЛИФАНС СИ ЈА ФИНАНСИРААТ КАРИЕРАТА

    НЕ СМЕ ПОРНО ЅВЕЗДИ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ ОЛИМПИЈЦИ КОИ ПРЕКУ ОНЛИФАНС СИ ЈА ФИНАНСИРААТ КАРИЕРАТАПретплатниците плаќаат 24,99 долари месечно за да ја видат содржината на Лиза Буквиц на ОнлиФанс (Фото: Гети)

    Германската репрезентативка во боб санкање Лиза Буквиц открива многу, но не сѐ на својот профил на ОнлиФанс со цел да си ја финансира кариерата и да настапи на своите трети зимски олимписки игри следниот месец. И нејзиниот колега Георг Флајшхауер е активен на платформата позната најмногу по еротски содржини.

    Не сум порноѕвезда“, вели Флајшхауер, а Буквиц додава дека никогаш не би се соблекла целосно гола.

    Тие се меѓу спортистите кои се обидуваат да привлечат интерес и средства преку платформи како ОнлиФанс и ТикТок, додека швајцарскиот светски шампион во скијање Фрањо ван Алмен доби помош од донации во неговите помлади денови.

    Буквиц вели дека целата боб сезона ја чини 50.000 евра и дека мора да остане во очите на јавноста, иако освои олимписко злато во 2018.

    Беше малку тажно што не можам едноставно да се занимавам со мојот спорт. Никој не е заинтересиран за Лиза Буквиц само поради златниот медал. Тоа е, за жал, лошата страна“, рече таа.

    Но, Буквиц е екстровертна личност и задоволна со своето тело, па затоа се претставува во спортски градник, бикини или во тесен боб-костим на ОнлиФанс, каде што претплатниците плаќаат 24,99 долари месечно за да ја видат нејзината содржина.

    „На тој начин можам да го финансирам мојот тим. Соработката со Онлифанс, што ја започнав минатата година, е најдобрата работа што можеше да ми се случи. За мене, тоа е спонзор кој ми овозможува да се натпреварувам во мојот спорт, нешто сосема нормално“, вели Буквиц.

    Флајшхауер има сличен став, велејќи дека неговиот профил на ОнлиФанс му овозможува да даде увид во животот на еден спортист, но и да ги покаже своите тело и мускули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира