НЕ Е ДЕКА ДОАЃААТ СС-ТРУПИ, ВЕЛИ ИТАЛИЈА ЗА ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИТЕ АГЕНТИ ЗА ИМИГРАЦИЈА НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО МИЛАНО

    НЕ Е ДЕКА ДОАЃААТ СС-ТРУПИ, ВЕЛИ ИТАЛИЈА ЗА ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИТЕ АГЕНТИ ЗА ИМИГРАЦИЈА НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО МИЛАНОВластите велат дека тоа нема да бидат истите агенти кои прават рации во Минесота (Фото: АП)

    Италијанската влада се обиде да се одбрани од критиките откако Агенцијата за имиграција и гранична контрола на САД (ИЦЕ) потврди дека нејзините агенти ќе помогнат во обезбедувањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина следниот месец.

    Опозициските партии реагираа со бес откако се дозна дека агенцијата, чии агенти убија двајца американски државјани во Минеаполис во последните недели, ќе биде вклучена во безбедносните операции на Игрите, кои ќе започнат на 6 февруари.

    „Тоа нема да бидат оние кои се на улица во Минеаполис. Бев построг од кој било во Италија за рациите на ИЦЕ, но не е дека доаѓаат СС-трупи“, изјави министерот за надворешни работи Антонио Тајани, алудирајќи на озлогласената нацистичка паравоена група.

    Од американската амбасада во Рим појаснија дека федералните агенти на ИЦЕ ќе помагаат во обезбедувањето на американските диппломати и нема да водат никакви операции за спроведување на имиграциските закони.

    Американскиот амбасадор Тилман Фертита ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Пјантедози за да ги разјасни плановите за Олимписките игри“, додаде Тајани.

    Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, рече дека агентите на ИЦЕ не се добредојдени во градот во кој ќе се одржуваат повеќето од спортските настани на мраз.

    „Тие не се добредојдени во Милано. Тие не се во согласност со демократскиот начин на управување со безбедноста“, рече Сала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира