ХОЛАНДИЈА ЌЕ ГО ИМА НАЈМЛАДИОТ ПРЕМИЕР ДОСЕГА ОТКАКО ТРИ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА КОАЛИЦИЈА

    ХОЛАНДИЈА ЌЕ ГО ИМА НАЈМЛАДИОТ ПРЕМИЕР ДОСЕГА ОТКАКО ТРИ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА КОАЛИЦИЈАВладата ќе ја води лидерот на Д66, Роб Јетен (Фото: ЕПА)

    Лидерите на три политички партии во Холандија договорија формирање ретка малцинска влада, три месеци по одржувањето на предвремените парламентарни избори.

    Победникот на овие избори, центристичката проевропска партија Д66, се здружи со конзервативните Христијански демократи и со десничарската партија ВВД во коалиција која ќе има само 66 пратеници во долниот дом на парламентот, кој има 150 места. Таа нема да има мнозинство и во горниот дом, кој може да ги блокира законите усвоени во долниот дом, па ќе мора да бара поддршка од опозициските партии за своите политики.

    Владата ќе ја води лидерот на Д66, Роб Јетен, кој со 38 години ќе биде најмладиот премиер во историјата на Холандија. Се очекува новата влада да биде потврдена во рок од еден месец.

    Јетен беше изненадувачкиот победник на изборите во октомври откако на претходните избори заврши на шестото место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира