Општините треба да предложат локации за изградба на гробишта за милинеци, е договорено на состанокот на директорот Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, со министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателoт на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Орце Ѓорѓиевки заради решавање на овој проблем.
„Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија”, рече на состанокот министерот Перински.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски рече дека претстои дефинирање на локации во општините за изградба на гробишта и планирање на инфраструктурата која треба таму да се изгради за да може тие целосно да се стават во функција на граѓаните.
Како решение за големиот број улични кучиња на улиците, на состанокот било предложено во секоја општина да има прифатилиште за бездомни кучиња.
А. АНТЕВСКА



